(ФОТО) Го одбра среќниот број: Владо Јаневски го откри својот порок

Сите ги пееме неговите хитови. Во нив ја опејува љубовта, тагата, среќата... Токму совршените стихови и одличната продукција на песните го направија македонска мега музичка ѕвезда.

Влато Јаневски постојано е во фокусот на вниманието. Секогаш добро облечен, со стил кој доликува на еден господин, со став кој секаде е забележлив. Го сака луксузот и не е од оние кои се кријат зад лажни вредности.

Но, ако порано го гледавме со вино, сега замената е сок од портокал. Здравиот начин на исхрана му допринесува да биде витален и секогаш во добра кондиција на неговите концерти. Токму на Инстаграм ја објави оваа фотографија.

Ама колку и да е навлечен на здрави навики, и тој е само човек. Често знае да се забавува на неговата омилена локација- казино и таму да се релаксира од секојдневието. И оваа фотка ја сподели со своите фанови.

Дали добива или губи, не знаеме, но дека знае да игра, тоа е сигурно!

Н.Т.