ФОТО: Грузијците славеа во соблекувалната како да се на Европско

Македонија претрпе висок и убедлив пораз од Грузија со 3-0 во Скопје, сега шансите за првото место во групата во Лигата на нации е тешко остварливо, не и невозможно, но патот е потежок, и не зависи само од нашите резултати.

Квича Кварацхелија беше меѓу најдобрите кај Грузија, задоволен од победата во Скопје.

„Ова се најважните три бода, слатка победа, одигравме извонреден меч и навистина сме пресреќни. Резултатот кажува се, сега сме први на табелата. Сигурно со ова нема да ја смениме историјата по оној болен пораз за ЕП 2020, но некако на сите нас ни беше потребен реванш против Македонија. Сакаме победа и против Бугарија со што првото место ќе биде речиси загарантирано уште од сега, во септември потоа ќе ни треба само победа над Гибралтар или реми со Македонија“, изјави Кварацхелија.

ФОТО: ФА ГРУЗИЈА