Спорт // Спорт
Гвардиола „удри“ по цела Англија, сите сакаат Ливерпул да биде шампион
Манчестер Сити со стил оди кон титула во Премиерлигата, по синоќешната победа против Њукасл со 5-0, тимот на Пеп Гвардиола е прв со 3 бода предност во однос на Ливерпул.
Гвардиола со коментар по мечот и победата со „петка“ против Њукасл, Шпанецот смета дека сите во Англија сакаат Ливерпул да биде првак.
„Сите во оваа земја го поддржуваат Ливерпул, медиумите и сите останати, јасно е зошто е тоа така, тие имаат неверојатна историја и резултати во Европа, но не и во Премиерлигата, во последните 30 години ја освоија само еднаш, но таква е моменталната ситуација тука“ - изјави Гвардиола.