Спорт // Спорт
ФОТО: Халанд ги минал медицинските прегледи во Брисел, следува потпис со Сити
Ерлинг Халанд ги договорил личните услови, ги минал лекарските прегледи во Брисел, и договорот со Манчестер Сити е готова работа, ќе биде објавен официјално до крајот на неделата, тврди „САН“.
Иако нема официјална потврда, Халанд имал средба во Белгија со претставниците на Сити, се е договорено, па и медицинските прегледи биле извршени, клубот од Манчестер ќе ја активира откупната клаузула и ќе плати во фунти 64 милиони.
Како што пишуваат медиумите од Англија, Халанд ќе потпише договор на 5 години, со неделна плата од 500.000 фунти.