(ФОТО) Хотели со најубавите базени на светот

Ако омиленото нешто во врска со хотелите ви се базените, тогаш мора да ги посетите овие места..

Сите ние кои престојуваме во хотели за време на летувањата, сакаме во непосредна близина да имаме преубав, кристално чист и огромен базен, кој ќе ни овозможи да се разладиме и максимално да се опуштиме. Иако, ништо не може да го замени бањањето во тиркизно плавото море, базените понекогаш ни пружат опуштање, безбедност и мир, на кои можеме да им се радуваме во текот на целата година.

Затоа одлучивме да ви ги претставиме хотелите со најубавите базени на светот, па ако сте нивни љубители и доста време поминувате во нив, тогаш овие хотели се дефинитивно создадени токму за вас.

1.  Hilton Los Cabos Beach & Golf Resort –Мексико

Овој базен е простран, масивен и содржи бесконечна ивица која се граничи со морскиот хоризонт, така да во него ќе се чувствувате како да се бањате на сред море. Удобни лежалки, приватност и одличен бар е она што ќе ве држи цел ден околу базенот.

2.  Westin Austin – Тексас

Овој базен ќе направи да се почувствувате како вистинска ѕвезда, бидејќи покрај преубавите коктели, одличната музика и популарните Dj-и, вие најмногу ќе уживате во погледот на најубавиот град во Тексас, Остин.

3.  Scrub Island Resort, Spa & Marina – Девствените острови

Ова е еден од најубавите и најпопуларните места на Карибите, а „Scrub Island Resort“ ви нуди место каде ќе се опуштите и ќе се чувствувате како да сте во рајот. Секако, преубавиот базен на овој ресорт е вистинска атракција, која годишно привлекува огромен број на туристи.

4.  Grand Wailea –Хаваи

Овој масивен базен се наоѓа во неверојатен амбиент. Ќе бидете опкружени со палми и неверојатни тропски билки, додека пливате низ разноразните фонтани. Покрај главниот базен, ќе може да се опуштите и во многубројните џакузија, направени со точно 2.2 милиони специјални уметнички плочки, вклучувајќи го и базенот.

5.  Iberostar Creta Panorama & Mare – Крит

Она што го истакнува овој базен од сите други е тоа што е морски базен, направен така што еден дел од Егејското море е отстапен и среден да биде достапен за посетителите на хотелот. Во овој морски базен ќе се чувствувате целосно безбедно и ќе уживате во луксузот, модерните лежалки и богатиот бар.