ФОТО: Хрватите си договорија пренос за дуелот Шкупи-Динамо Загреб, кај нас фудбалски ТВ мрак

Шкупи-Динамо Загреб е меч на сезоната за двата клуба, за македонскиот првак шанса за изненадување, а за хрватскиот дека „мора“ да го елиминира шампионот на Македонија.

Првата средба не беше емитувана на некоја од македонските телевизии, националната МРТ не покажала интерес за дуелот од Загреб, а сега ни за средбата од Скопје нема никаква најава дека имаат намера да обезбедат ТВ права.

За разлика од нашиот национален сервис, во Хрватска голема полемика ако шампионот го нема на ХРТ, државната ТВ од оваа земја е 99% емитувачот на преносот од арената „Тодор Проески“, секако само за територијата на својата земја.


МРТ, но и останатите национални ТВ куќи од Македонија, едноставно не се заинтересирани за пренос, за нашите љубители на фудбалот, има само „фудбалски мрак“ …

Инаку пренос од Скопје, од дуелот Шкупи-Динамо Загреб ќе емитува и албанската ТВ Суперспорт на својот втор канал.