Спорт // Спорт
ФОТО: Ибрахимовиќ го оперираше коленото, продолжувањето на кариерата под знак на прашање
Златан Ибрахимовиќ се оперираше во Лион, сега го очекува долга пауза од околу 8 месеци, за него 2022 година на фудбалски план е завршена, а под знак на прашање е продолжување на кариерата.
Швеѓанецот го оперираше левото колено, тој беше еден од клучните играчи сезонава кај Милан во освојувањето на титулата, запиша 23 настапи и осум гола.
Според Милан, Ибрахимовиќ наскоро ќе објави дали ќе ја продолжи кариерата или не, има 40 години во моментот.