(ФОТО) Како изгледа најскапата вила во светот?
Сместена во Мумабај, оваа неверојатна вила од дваесет и седум спрата му припаѓа на најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани, кој во неа живее со својата жена и деца..
Ова гломазна структура, која чини милијарда британски фунти, претставува најскапиот и најголемиот дом на светот, во кој живеат само пет луѓе.
Со таа неверојатна цена овој импресивен имот во Мумбај доаѓа вокомбинација со три хелихоптери, театар, неколку базени и соби за 600 луѓе.
Мукеш Амбани кој има 61 година е богат бизнисмен кој е главен директор на гасниот гигант „Reliance Industries“, една од највредните индијски компанија, која е основана од страна на неговиот татко Дирубаи Амбани.
Амбани го нарече својот дом „Антила“, како почит кон митски остров. Инаку, оваа вила во 2010 година беше првиот дом на светот вреден милијарда долари.
Се простира на околу 40.000 м2, висока е 174 метри и дефинитивно се издвојува во таа околина, каде живеат повеќе од три милиони луѓе.
Магазинот „Форбс“ го прогласи Амбани за најбогатиот човек на Индија на минатогодишната листа, проценувајќи го неговото богатство на 34 милијарди британски фунти.
Покрај својата компанија, тој е исто така сопственик на крикет тим на индиската Премиер Лига „Mumbai Indianse“, како и Индијскиот Универзитет. Според неговиот профил објавен во магазинот Форбс, Амбани и неговиот брат ја преземеле компанијата, после смртта на нивниот татко во 2002.
Бројни особености за неговиот имот има и во интервјуто со неговата жена Нита, за магазинот „Vanity Fair“, каде таа објаснува дека нивниот повеќеспратен дом е комплетиран со сала за бал, каде 80% од плафонот е покриен со лустери, но имаат и четриспратна градина.