(ФОТО) Како изгледа најубавото сместување на Малдивите?
Кампување под ведро небо, шаторски крила и вреќи за спиење, одамна веќе не се тренд во светот на љубителите на квалитетните патувања.
Сепак, ние мора
да спомнеме дека квалитетот на патувањето зависи од вашите навики и желби,
истовремено. За некои луѓе токму престојот во природата, без никакво вештачко
светло, мобилни телефони, компјутери и слични работи е најквалитетното нешто
што можат да си го поклонат себеси, додека другите луѓе сепак неможат без барем
малку луксуз, дури и во таквите варијанти.
Ако некогаш сте сакале да поминете цела ноќ на плажа, гледајќи ги ѕвездите на небото, но без песокот кој е насекаде околу вашето тело, ние ви нудиме идеална прилика. Сега може да го направите и искусите токму тоа, но и многу повеќе. Луѓе од компанијата „Eye in The Sky“ искреираа специјално искуство за туристите, кои сакаат да уживаат во луксузните вечери во „Beach Bubble“ шаторот, сестен во сместен во легитимниот дел од познатиот„Fish & Crab Shack“ на брегот во Филолу, Малдиви.
Овој транспарентен меур со чуден изглед е креиран од високо технолошки полиестер, а дизајниран за да биде отпорен на UV зраци, вода и климатски услови. Шаторот е направен со употреба на патенттираната „Precontraint Serge Ferrari“ технологија, која има многу интересни карактеристики кога е во прашање отпорноста, димензионалната стабилност и леснотијата. Луксузниот ентериер на шаторот има дрвени подови, направени по мерка и инвентар, со посебен тоалет од истиот материјал.
Како дел од искуството, на гостите им се препорачува да уживаат во ручекот во „Fish & Crab Shack“, каде се служи скара на плажата. Потоа, гостите можат да се опуштат во прошетките на зајдисонце. А за добро утро, може да уживаат во појадок покрај вода уште на изгрејсонце. Ова ексклузивно искуство чини 600 долари по пар, за една ноќ.