(ФОТО): Каков нов луксуз ни доаѓа од Дубаи?

Во срцето на еден од релативно новите делови на Дубаи...

Jumeirah Village, шеесет и еднокатна кружна кула планира да донесе нова димензија во секторот за гостопримство на градот. FIVE Holdings штотуку објави дека овој имот ќе вклучува хотелски соби, апартмани и станбени единици. Уникатен елемент на оваа зграда е секако фактот дека секоја од221 еднособни и двособни единици, како и 33 апартмани со четири спални соби, ќе имаат свои приватни базени. Вкупно, кулата ќе има 271 базен.

Врз основа на сликите што ни се достапни, можеме да заклучиме дека ќе има панорамски поглед на Дубаи, како и поглед на базенот на вашиот сосед од долниот кат. Меѓутоа, ако вашиот недостаток на приватност во овој поглед не ве мачи толку многу и сакате да уживате во сè друго што треба да понуди оваа зграда, веруваме дека ќе бидете воодушевени. 

Сигурни сме дека сите идни станари ќе бидат воодушевени од богатите градини, бидејќи зградата има своја „вертикална микро клима која содржи над 50.000 квадратни метри флора“, што е секако добредојдена промена во пустинската средина на заливот.

Гениј зад овој дизајн е извршниот директор на развој на недвижнини, Набил Акики. Неговиот дизајн е патентиран и заштитен во 168 земји. 

Додека многуте одлики на овој имот се импресивни, многу луѓе не се сигурни дека е добра идеја да се троши тој простор, додека некои се загрижени за недостаток на приватност.