ФОТО: Калин Ивановски со скок од 334 места на АТП, Новак Ѓоковиќ остана на шестата позиција

На најновата АТП ранг листа, Данил Медведев и натаму на првата позиција, а нема измени и на останатите позиции, Новак Ѓоковиќ на шестото место.

Медведев со новите 250 поени има  7.875,  Александар Зверев е втор со 6.760 и  Рафаел Надал со 5.620 поени е на третото место.

Ѓоковиќ е шести со 4.770 бода. Македонскиот тенисер, Калин Ивановски е на 1070 место, скокна дури 334 позиции со само 4 бода позитива.