ФОТО: Клоп е заљубен во Ливерпул, потпиша нов договор

Германецот Јирген Клоп ја продолжи соработката со Ливерпул до 2026 година, објави англискиот клуб.

Навивачите се задоволни што Клоп останува на „Енфилд Роуд“ до 2026 година, Ливерпул го победи Вилјареал со 2-0 во полуфиналето на Лигата на шампионите, и е на чекор од пласман во големото финале.

„Има многу зборови со кои би го искажал своето задоволство од соработката со клубот, го сакам овој клуб, овие навивачи, овој град … Ова е една убава и успешна соработка, заљубен сум во ова што го работам и се чувствувам прекрасно“, изјави Клоп за клупскиот веб-сајт.