Ги носи веќе неколку пати.
Изгледа дека Премиерот најдобро се чувствува во патики. За помалку од десет дена повторно се појави на настан облечен во патики и фармерки.
Овој пат шефот на Владата беше забележан во поопуштен стил на почетокот на изградбата на втората фаза на експресниот пат од Штип до Кочани (делница Крупиште -Кочани).
Патиките кои ги носи се од брендот “Адидас“ и се чини дека му се омилени. Чинат 87 долари или 77 евра.
Претходно Заев носеше патики при проверка на инсталирањето на магистралниот гасоводен систем Неготино - Прилеп - Битола.