Спорт // Спорт
ФОТО: Косово се жалеше, ФИФА отвори истрaга за Србија
Во регионот се пишува за ситуацијата во Катар, фудбалската федерација на Косово се жалеше за спорното знаме на Србија во соблекувалната на мундијалот.
Знамето на Србија во соблекувалната на кое пишуваше „Нема предавање“ е спорно за Косово.
На знамето Косово е во склоп на Србија, тоа ги испровоцира во ФФ на Косово, а ФИФА отвори истрага за случајот.
„Дисциплинската комисија на ФИФА отвори истрага против Фудбалскиот сојуз на Србија поради знаме кое беше сликано во нивната соблекувална на мечот со Бразил“, соопштија од ФИФА.