ФОТО: Кулибали е во Лондон, прегледи и потпис за Челзи

Калиду Кулибали е во Лондон, Челзи се договори со дефанзивецот кој доаѓа од Наполи, следуваат медицински прегледи, потоа и официјално потпис за лондонскиот клуб.

Наполи ќе добие 34 милиони фунти, Кулибали има 31 година, се очекува да биде големо засилување во одбраната на Челзи.

Според медиумите од Англија, Кулибали денес ќе оди на задолжителни лекарски прегледи, потоа патува за САД, каде Челзи е на турнеа и подготовки.