Спорт // Спорт
ФОТО: Лазаров го одбра составот за светското првенство
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го одбра тимот за претстојниот мундијал каде Македонија е сместена во групата Ф заедно со репрезентациите Норвешка, Аргентина и Холандија.
Македонија своите натпревари ќе ги игра во Краков, Полска во „Таурон Арена“, прв противник на 13. јануари е Норвешка во 20:30 часот, потоа следуваат дуели против репрезентацијата на Холандија на 15.01 во 18:00 часот и на 17.01 против Аргентина во 18:00 часот.
Собирот на репрезентацијата е закажан на ден 20. декември (вторник) во хотел Александар Палас во Скопје.