ФОТО: Лукаку го избра бројот со кој ќе игра во Интер, навивачите „фаќаат сеир“

Ромелу Лукаку се врати во Интер, по една година во Челзи, сега е на позајмица во клубот од Милано.

Челзи го плати лани Лукаку 97 милиони фунти, а сега по само една сезона, Белгиецот се врати во Интер и ќе игра како позајмен играч една сезона со годишна плата од 7 милиони фунти.

Лукаку во Интер ќе игра со дресот со број 90, а навивачите „фаќаат сеир“, тоа е бројката со која влезе во минус Челзи по само една година.