Спорт // Спорт
ФОТО: Манчестер Сити објави „Тој е тука“, Халанд во дресот на „граѓаните“
Манчестер Сити се пофали, Ерлинг Халанд во дресот на „граѓаните“, ова е потврда на спектакуларниот трансфер на Норвежанецот.
Халанд од Борусија Дортмунд во Сити за 75 милиони евра, толку требаше да плати клубот од Англија за да ја активира откупната клаузула.
„Навивач сум на Сити, ова е посебен ден за мене и моето семејство, се чувствувам како дома, сметам дека ова е вистински потег. Сакам со клубот и за клубот да постигнувам голови и да освојувам трофеи“, изјави Халанд.