(ФОТО) Марлон Брандо: Необични лоши навики во исхраната на една легенда
Тој е еден од најомилените актери во филмската историја. Мерлин Монро го нарече „најсексапилниот маж кој некогаш го видела".
Доколку го гледавте во некој од неговите познати филмови, освен оваа констатација ќе сфатите дека овој човек важи и за една од легендите која е најпозната и по својот огромен апетит.
Актерот Ричард Ердман, негов колега за неговиот прв филм, изјави дека неговата „диета" тогаш била заснована на брза храна и путер од кикирики. Во средните педесетти години, Марлон беше познат по тоа што можел да изеде цела кутија слатки, во комбинација со литар млеко.
Неговиот близок пријател Карло Фиоре кажа дека Марлон во текот на педесеттите и шеесеттите години бил на екстремни диети, но набрзо ја изгубил волјата за да ги продолжи. Конзумирал огромни количини храна за појадок, корн флекс, колбаси, јајца, банани со чоколаден крем и неретко големи порции палачинки прелиени со јаворов сируп.
Додека го снимал филмот „Едноокиот Џек", за вечера успеал да изеде два бифтека, компири, две пити со јаболка и тоа со литар млеко. Ваквата „диета" барала константно менување на величините на костимите при снимањето на филмот.
Врз основа на сето ова, воопшто не е изненадувачки фактот што костимографот на филмот "Mutiny on the Bounty" , Џејмс Тејлор тврди како Брандо поради варијацијата во телесната тежината бил принуден да промени 52 пара панталони за време на снимањето.
Пред самиот крај, кога животот му бил загрозен од прекумерната тежина, Марлон преземал радикална диета, на чие благодарение успеал да изгуби 32 килограми, но неговото срце и тело веќе биле доста оштетени од долгогодишните лоши навики во исхраната.
Кога станува збор за прекумерната исхрана, Марлон Брандо може да се класифицира во иста група со Елвис Присли и Орсон Велс.
Марлон до крајот на својот живот, никогаш не ја изгуби љубовта кон храната, посебно кон сладоледот.