ФОТО: Марсело се „одјави“ од Реал Мадрид по 15 години и 25 освоени трофеи

Марсело повеќе не е член на Реал Мадрид, Бразилецот заминува од „кралскиот“ клуб по  15 години  во кои низ настапте освои неверојатни  25 трофеи.

Бразилецот со Реал стигна до  пет титули во Лигата на шампионите и шест во Ла Лига, запиша  545 настапи  во сите натпреварувања.


Реал Мадрид на свечена церомонија му кажа благодарам на Марсело кој  има 34 години, а клубот од Мадрид не сакаше да му ја продолжи соработката. Бразилецот најави дека нема намера да се пензионира.

ФОТО: РЕАЛ МАДРИД/ТВИТЕР