Тренд // Стил
(ФОТО): Мажиште кој конечно ќе и парира на Елена Ристеска
Во јавноста веќе се врти веста дека пејачката Елена
Ристеска има ново момче. Но тој е многу модерен и урбан, типичен претставник на
алфа маж.
Филип Арсовски има необичен стил на облекување. Градска фаца е, често виден во скопските клубови.
Сопственик е на угостителски објект и на спортски бренд во кој неодамна Елена се појави како заштитно лице.
Модниот изглед на Арсовски е во знакот на тетоважите. Соодветно распоредени по целото тело, релјефни и со различни мотиви.


Се облекува претежно спортски, но дозира со умереност во горниот дел.

Фармерките му се омилени и најдобро му стојат, а неговата урбаност во облекувањето е мешовина од улична мода и она што е најактулено.



