ФОТО: Мбапе го смени „филмот“, Реал Мадрид извиси, ПСЖ добива потпис

Килијан Мбапе утре со ПСЖ го игра последниот меч сезонава во Лига 1, Реал Мадрид го очекува со раширени раце, но според последните информации ќе остане со празни раце, Французинот продолжува со „светците“.

Реал Мадрид веќе имаше договор со Мбапе, преговорите се одвиваа во тајност, а „кралевите“ не сакаа турбуленции се до завршувањето на финалето во Лигата на шампионите, секако сметаа дека репрезентативецот на Франција е завршена работа.

„Марка“ од Шпанија пишува дека Мбапе го игнорира Реал Мадрид последните неколку дена, и дека е тоа сигнал за продолжување на соработката со ПСЖ.


Килијан Мбапе најави дека до недела официјално ќе ја соопшти својата одлука, а според „Марка“ тоа ќе биде ПСЖ кој со 84 милиони евра годишна плата го убедил да остане.

Во текстот на „Марка“ се вели, не се сомневајте, Реал Мадрид со и без Мбапе ќе биде силен клуб, практично најавува пропаѓање на преговорите со најбараниот играч на денешницата.