(ФОТО) McLaren ја претставуваат својата нова колекција наочари
McLaren често не изненадува со беспрекорните верзии од своите неверојатни суперавтомобили, но денес зборуваме за нешто сосема различно..
Најновото издание
од оваа компанија е колекција од модерни наочари за сонце и вид, наречени „McLaren Vision
Collection“, која е дизајнирана во соработка со францускиот специјалист за
оптика „L’Amy Group“. Новиот асортиман наскоро ќе биде достапен за продажба, со
цени кои ќе се движат од 300 долари, па се до 2.000 долари за пар наочари.
„Vision“ колекцијата е поделена во три дела: „Core“, „Premium“и„Bespoke“, со различни стилови во секоја линија, со иновативен дизајн и најдобри материјали. Секој пар наочари од овие колекции е опремен со „Leica Eyecare“ стакла за сонце.
Во колекцијата постојат пет пара наочари, а секој пар е прилагоден за посебно опкружување. „Driving Lenses“ доаѓаат со прецизно нанесена боја, која е специјално дизајнирана да го подобри контрастот и погледот на пат.
„Golfing Lenses“ содржат максимален контраст, додека „Outdoor“ имаат рефлективен финиш и поларизирачки филтер. „Urban Lenses“ имаат неутрална боја совршена за сите светли опкружувања, додека „Yachting Lenses“ имаат специјални рефлективни финиши и поларизација, со цел да се намали влијанието на сончевите зраци и рефлесијата од вода.