(ФОТО) Момчето со ангелски глас во прегратките на Скопје

Во поход на нови успеси

Неговата популарност секојдневно расте. Многу еминентни музучки имиња од Балканот рекоа дека токму тој е новата музичка ѕвезда од Македонија. Огнен Здравковски супериорно “си гази” кон што поголем успех во музичката кариера. По “Ѕвездите на Гранд” каде беше во финалниот круг, тој не запира со живите свирки. А, за да се промовира што поуспешно, неодамна се фотографираше и “фотките” ги прикажа на “Инстаграм”.

На нив се гледа убава композиција од Скопје надополнета со релаксираниот изглед на пејачот.