ФОТО: Муакетов вети награда за златните момчиња од Летонија, Македонија е европски првак
Кадетската машка репрезентација на Македонија го освои ЕХФ-шампионатот во Рига, Летонија, откако славеше со 24-22 во финалето против Швајцарија.
Нашите надежи, се наши спортски херои, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, вети награда за победниците од Летонија кои директно се пласираше на младинското ЕП во 2024 година и кадетското СП 2023 година.
„Горди сме на вас што ја вративме Македонија на пиедесталот, ви претстои светла иднина, потребно е многу да работите, заедно да градиме успех, ова е светска работа и многу сум благодарен за тоа како ја претставивте Македонија. Ние сме тука за вас, заеднички да градиме успешна приказна. Ракометот е спорт број 1 во Македонија, сакаме така да остане, РФМ ќе побара од УО ракометарите да бидат наградени со 700.000 денари награда“, кажа Мукаетов.