ФОТО на денот: „Победничко“ селфи на Шкупи од соблекувалната во „Максимир“ !

Шкупи непоразен го напушта „Максимир“, супер фаворитот Динамо Загреб водеше со пресврт, но не победи, македонскиот првак најавува сензација во квалификациите за Лигата на шампионите, Динамо Загреб и Шкупи одиграа 2-2, реваншот е следната недела во Скопје.

Скопје ќе „гори“, нерешените 2-2 од Загреб, најавуваат дека македонскиот првак Шкупи има сериозни шанси да го елиминира ѕвездениот тим на Динамо кој вреди на фудбалската берза десеткратно повеќе од шампионот на Македонија.

Од соблекувалната на Шкупи на „Максимир“, селфи со „победнички“ шмек по нерешените 2-2.