ФОТО: На Мурињо му успеа нешто што на ниеден друг тренер не му успеало

Жозе Мурињо е навистина специјален, руши рекорди каде и да работи, сега има нов, тој е прв тренер кој стигнал до финале во сите натпреварувања под УЕФА, Лигата на шампионите, Европа Лига и новото натпреварување Конференциската лига.

Воедно, Мурињо е прв тренер кој успеал до овие финални натпревари да стигне со четири различни екипи, Порто (ЛШ и Куп на УЕФА), Интер (ЛШ), Манчестер Јунајтед (ЕЛ) и сега Рома во Конференциската лига.

Мурињо победи на сите четири финални меча, сега може и на петто со Рома против Феенорд во Тирана на 25 мај.