(ФОТО) Најлошата изговорена реченица за Ѓоковиќ!
Овој месец дефинитвно го одбележа легендарниот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој со својата победа, но и со своето однесување заслужи огромен број на фанови.
Сепак, на Твитер
се појави објава која покажува дека не се сите толку верни следбеници на Новак,
а една од причините зошто е тоа така, крајно е смешна.
Една девојка напишала како сретнала личност која го обожава Федерер, но и која нагласила дека чувствува голема омраза кон Новак. Кога девојката ја прашала зошто е тоа така, одговорот од другата девојка бил дека кога била мала и кога живеела во Чехословачка, постојано и зборувале, т.е. ја плашеле дека „сега ќе дојдат и ќе те земат циганите од Србија“.
На овој аргумент, девојката кој е верна обожавателка на Новак и одговорила: „Секоја чест на твоите родители, а и тебе, што покажавте дека сте расисти, но и незнајковци. Браво!“