ФОТО: Навивачите на Јувентус му „облекоа“ дрес од Интер на судијата Валери

Интер го победи Јувентус во финалето на Купот на Италија тимот на Јувентус со 4-2 по продолжение, откако во регуларните 90 минути беше 2-2.

На средбата, главниот судија Паоло Валери, досуди два пенали за Интер, еден во финишот на мечот за 2-2 кој го реализираше Чалханоглу, и еден во продолжението за 3-2, погоди Перишиќ.

Навивачите на Јувентус не беа задоволни од арбитражата на Валери, експлозија од навреди на социјалните мрежи, а судењето го оценија како тотално во корист на Интер, на главниот арбитар му „облекоа“ дрес на Интер.

 


https://twitter.com/Alberto49727947/status/1524615946014535680