ФОТО: Несторовски останува во Италија, најмалку уште една сезона во истиот дрес

Илија Несторовски останува во Италија, Удинезе објави дека го продолжил договорот со напаѓачот до 2023 година со можност да се продолжи на уште една сезона.

Ова е изненадување ако се земе в предвид фактот дека во сите најави, Несторовски беше пред заминување од Удинезе.

Несторовски е во Удинезе од 2019 година, запиша 57 натпревари и даде шест гола.