ФОТО: Новата сезона во Премиерлигата започнува на 5. август, шампионот Сити се среќава со Вест Хем

Новата сезона во Премиерлигата започна првата недела во август, бранител на трофејот е Манчестер Сити, а одбраната на титулата ја започнува против Вест Хем.

Првото коло се игра на 5,6 и 7 август, а сезоната започнува со дуелот меѓу  Кристал Палас и Арсенал.


Новата сезона во Премиерлигата  ќе трае до 28 мај, а поради светското првенство  во Катар ќе биде прекината во периодот од 12 ноември до 21 декември.

Досега преноси за територијата на Македонија емитуваше Спортклуб, но новата сезона ќе се емитува на каналите на Аренаспорт која најави дека ќе ги пренесува сите натпревари од Премиерлигата.