ФОТО: ОФИЦИЈАЛНО Александар Васоски се врати во Академија Пандев

Македонскиот прволигаш, Академија Пандев објави дека Александар Васоски се врати во клубот, тој е официјално заемната за Ѓорѓе Стојчев.

Васоски по „епизодата“ со Сараево се врати во Академија Пандев, со која имаше сериозен успех минатата сезона, а во јануари се разделија откако ја прифати понудата на ФК Сараево од БиХ.

Помошник на Васоски во Академија Пандев ќе биде Раденко Бојовиќ.

Васоски со Академија Пандев има 32 меча, запиша 16 победи и по 8 нерешени и порази.