ФОТО: ОФИЦИЈАЛНО Спировски продолжува со Пјуник во Ерменија

Стефан Спировски е нов играч на ерменскиот шампион Пјуник, сега и официјално, откако претходно беше најавуван како можно засилување.

Македонскиот репрезентативец има договор на една година со Пјуник, во оваа екипа игра и Марјан Радески.

Спировски има 32 години, претходно играше за МТК од Унгарија, Мариупол, АЕК Ларнака, Ференцварош, Хапоел Тел Авив, Вардар, Пелистер и Работнички.