Спорт // Спорт
ФОТО: Пандев официјално кажа „ADDIO“, крај на кариерата на еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња
Горан Пандев и официјално му кажа „Addio“ на фудбалот, во изјава за Газета Дело Спорт, потврди дека оди во пензија.
„Време е за крај, играв 20 години, доста е. Сега сакам да посветам големо внимание на моето семејството, но тоа не значи дека ќе заминам комплетно од фудбалот, бидејќи јас не знам да правам ништо друго. Имам 39 години, некој килограм повеќе, време е за крај. Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам, Затоа во иднина повеќе се гледам како директор или спортски агент. Сакам да кажам едно големо благодарам на сите без исклучок, на сите мои тренери, на сите претседатели, на сите навивачи“, изјави Пандев.
Пандев во кариерата на клупски план освои сè што можеше да се освои, со Интер стигна до „триплета“, што е секако еден од најголемите успеси, со Македонија играше на ЕУРО како врв во кариерата.