Спорт // Спорт
ФОТО: Поддршка за ракометарите и од Австралија, националниот тим денеска против Холандија
- 15 Јануари, 2023

Македонија денеска го игра вториот натпревар на мундијалот во Полска, противник е Холандија која на првата средба во нашата група ја совлада Аргентина.
Нашиот национален тим ќе има голема поддршка на трибините во салата во Краков, Фалангата ќе ја има со бројка од неколку илјади, а поддршка стигнува од сите страни, па и од оние кои не се во Полска.
Сегашниот директор на РК Бутел, Лазо Мајнов, наша ракометна легенда и поранешен репрезентативец, со поддршка пред натпреварот со Холандија.
Мајнов е во Бризбејн, Австралија каде е на одмор но со мислите и поддршка за Македонија на мундијалот во Полска.