ФОТО: Погба има пет опции, три клуба жестоко се борат за негов потпис

Пол Погба летово е слободен играч, по смртта на неговиот агент, Мино Рајола, се комплицираат работите за Французинот, кој има повеќе опции, пет клуба го сакаат во своите редови, а најмали се шансите на Манчестер Сити.

Според „Мирор“, Сити  добил негативен одговор од  Јунајтед за последната понуда. Воедно и актуелниот клуб на Погба, Јунајтед е заинтересиран за продолжување на соработката.

Останатите четири клуба се Реал Мадрид, ПСЖ, Барселона и Јувентус.

„Мирор“ смета дека три клуба, Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ се во голема „војна“, Погба има добри опции и треба да избере меѓу нешто ново или нешто веќе познато, и проверено, а тоа е Јувентус.