(ФОТО) Порака од Адеми: Имам желба, можам и сакам да играм за Македонија !

Аријан Адеми  и  натаму ќе настапува за македонската фудбалска репрезентација. 

Македонскиот репрезентативец стави крај на  сите шпекулации дека нема да биде дел од националниот тим на Македонија, поради повреда  тој не беше дел од тимот за време на натпреварите во Лигата на нации што доведе до шпекулации дека ќе се пензионира од македонскиот дрес.

„Одлучив да продолжам да играм за репрезентацијата. Имам желба, можам и сакам. Разговарав со селекторот, тој сака да бидам таму и дефинитивно ќе бидам. Тешко е да се збогувам, бидејќи луѓето таму се одлични, играме за својата земја, се пласиравме на минатото Европско првенство, а сакаме да го повториме тоа уште еднаш. Иако сме во навистина силна група“ рече Адеми за „Германијак.хр“


Својот последен натпревар за нашата А селекција го одигра во март минатата година, кога во финалето на плејофот за Светското првенство, по сензационалната победа над Италија (1:0), загубивме од Португалија и останавме без учество во Катар.