Спорт // Спорт
ФОТО: Повредата не е наивна, Македонија без Чурлинов против Грузија и Бугарија ?
Барнли на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, на вчерашниот меч во Чемпионшип со Престон, одигра нерешено 1-1 во шампионатот.
Дарко Чурлинов поради повреда не беше во комбинација за оваа средба. Тренерот на Барнли, Компани, по мечот зборуваше и за повредата на македонскиот репрезентативец.
„Тој (Чурлинов) е повреден, нема да кажам точно каква е повредата, за жал ќе го немам во тимот некое време“ – изјави Компани.
Фактор.мк дознава дека на Чурлинов му е препорачано мирување 2-4 недели, има скинато мускулно влакно, повреда која бара мирување, се очекува да ги прескокне двата меча во Лигата на нации против Грузија во Тбилиси и Бугарија во Скопје.