(ФОТО) Правеле кафе на мостот, па ги казниле 950 евра и ги избркале од градот
Венеција треба да се почитува, а непристојните луѓе кои мислат дека можат да дојдат и да прават што ќе посакаат по своја волја, често ја забораваат локалната полиција, на чие благодарение сите недолики се санкционирани.
Германски туристички пар не стигна да ужива во сликовитата
Венеција, бидејќи поради кафето кое се обиделе да го направат на плинска боца
на мостот, им пристигнала градската полиција и ги казнила со 950 евра, а воедно
ги избркале од градот.
Берлинчаните, на возраст од 32 и 35 години, утрово се одмарале во подножјето на скалите на познатиот мост Риалто, но откако ја извадиле плинската боца за да во направат првото утринско кафе, локален жител им повикал полиција која им ги олеснила паричниците за скоро 1000 евра, поради недолично однесување, а освен тоа тие добиле и забрана да ја посетуваат Венеција.
„Венеција треба да се почитува, а непристојните луѓе кои мислат дека можат да дојдат и да прават се` што ќе посакаат, благодарение на локалната полиција, ќе бидат најбрзо приведени, казнети и протерани од градот“ – изјави градоначалникот на Венеција.