(ФОТО) Пред да почине, имаше само една желба: Рада Манојловиќ ја покажа мајка си

Рада Манојловиќ пред камерите е секогаш насмеана, иако пред речиси 20 години се соочила со голема семејна трагедија. Популарната српска пејачка била многу млада кога останала без мајка си која починала од рак.

Манојловиќ никогаш не криела дека ова е најтешкиот момент во нејзиниот живот, но како што изјави во повеќе интервјуа истовремено е среќна што ѝ ја исполнила најголемата желба на мајка ѝ Мирјана, а тоа е да биде успешна пејачка.

- Се сеќавам колку многу сакаше да успеам со пеењето. Една година пред нејзината смрт се пријавив да се натпреварувам во „Ѕвездите на Гранд“ и не поминав добро. Во тие мигови ми се сруши сѐ, а таа и покрај тоа што беше кревка со здравјето, наоѓаше сила да ме утеши. Ги паметам нејзините зборови: Драга, ова не е крај! Еден ден сигурно ќе бидеш ѕвезда! Голема ѕвезда како Драгана Мирковиќ. Имаше визија и секогаш веруваше во мене - раскажа Рада неодамна.

Пејачката на својот профил на „Инстаграм“ објави семејна фотографија на која освен нејзината покојна мајка, се наоѓаат и нејзиниот татко, брат ѝ и сестра ѝ.

- Таа заслужува да знаете како изгледаше и колку беше убава. Таа е мојата убавица, мојот херој и ангел - напиша Манојловиќ под фотографијата.