(ФОТО) Премиерот Заев во „Астон Мартин“ денес

Нема дилема дека добро се облекува. Без сако очигледно се гледа и што носи под него.

Денес во Општина Новаци Премиерот Зоран Заев присуствуваше на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино – Прилеп – Битола, одговараше на повеќе прашања на новинарите, кои посебен интерес покажаа за иднината на СЈО и на преговорите за донесување на новиот закон за јавно обвинителство. Но она што е интересно, а многу воочливо е неговата кошула која е нестандардна за вакви настани. 

Се работи за тркачка кошула од брендот “Астон Мартин”. Нека не ве буни името на автомобилот, од таа автомобилска индустрија имаат огромен број на спортски маици и кошули со нивното лого. Оваа на Премиерот е од 100 отсто памук со извезено лого и долги ракави.

Ако ве интересира цената во евра, таа е 182 евра.