ФОТО: Претседателот на ФФМ со честитка за денот на спортските новинари

Денешниот ден, 2 јули е ден на спортските новинари, кај нас во Македонија, станува професија која е сè повеќе потценета, прекрасна е, но спортските новинари кај нас се во „изумирање“ …

Спортското новинарство е „жртва“ на политиката, кај нас во Македонија има над 30 специјализирани спортски канали, Аренаспорт, Спортклуб и Еуроспорт се емитуваат преку разни ТВ платформи, и ниту еден не е на македонски јазик …

Посебна приказна се националните ТВ куќи, МКРТВ се бори за место „под сонцето“, но ги губи битките со големите и специјализирани спортски канали во конкуренција обезбедување на ТВ права.

МКРТВ треба да се потруди во „едукативниот“ дел од националниот спорт, и секако во критериумот на изборот на новинари, образованието за жал е се помалку важно во изборот кој е спортски новинар, има место во националниот сервис за новинари без факултетско образование, нема критериум во изборот кој смее и кој не смее да биде дел од националниот сервис, затоа ја плаќаме цената на „важноста“ на спортскиот новинар во општествениот живот, новинари без факултетско образование се дел од сервисот кој треба да биде пример и правец во новинарството, секако и спортското …

На претседателот на ФФМ му благодариме што еден од ретките кои се сети на спортските новинари, предводникот на „куќата на фудбалот“ е еден од ретките кои со посебно внимание се однесува кон „седмата сила“, ти БЛАГОДАРИМЕ: