(ФОТО) Провокативна најава од Бугарија: Дуелот со Македонија е многу повеќе од фудбал, ова е меч за национална гордост

Спортот и политика не одат заедно, или можеби се составен дел од „играта“, навидум само „обичен“ квалификациски фудбалски меч во Разград меѓу Бугарија и Македонија, Лига на нации, нова сезона...

Одредени медиуми во Бугарија со провокативни наслови, еден од популарните „котаспорт“ го најави мечот како „повеќе од фудбал“ и натпревар за Бугарија кој не смее да го загуби.

Во текстот се вели дека реториката во медумите во Македонија е таква што овој натпревар за нашиот национален тим бил поважен и од оние против Италија и Португалија.

Во овој меч, тврди „котаспорт“, во прашање е националната гордост, прв официјален натпревар на двете земји, и натпревар во кој Бугарија нема право на пораз.