Спорт // Спорт
ФОТО: Првиот навивач стигна во Разград, останатите 200 утре доаѓаат да ја бодрат Македонија
Македонската фудбалска репрезентација утре се среќава со Бугарија во Разград, дерби во нашата група во Лигата на нации.
На „Хувефарма арената“ утре во Разград (18-00 час.) се очекува полн капацитет, околу 10.000 гледачи, а македонски организирани ќе има околу 200.
Првиот е веќе во Бугарија, популарниот Кипре кој го има секаде каде настапува нашата фудбалска репрезентација е веќе во Разград, очекуваме победа !