ФОТО: Ракометната легенда заминува од Вардар, Дибиров пред потпис со Загреб

Тимур Дибиров е пред преселба во Загреб, иако легендарниот ракометар на Вардар го продолжи договорот со црвено-црните, според медиумите од Хрватска, тој е пред заминување од Скопје.

Русинот има 38 години, но неговото искуство е големо, а кризата во Вардар  го натера да размислува за трансфер, пишува „Јутарњи“ од Хрватска.

Според „Јутарњи“, Загреб подготвува трансфер „бомба“, сè уште не е официјална но во тек се завршни преговори …

Дибиров иако не е млад играч, сепак треба да биде исклучително силно засилување за Загреб на крилната позиција, игра разновидно, има искуство.

Дибиров е играч на Вардар од 2013 година, кога дојде од Чеховски Медведи.