(ФОТО) Ранч од 78 милиони долари: Ова е единствениот замок со приватно езеро
Овде постои сосем доволно место за 40 ваши најдобри пријатели, но и за неколку непријатели...
Естетиката на
Дивиот Запад типично не вклучува замоци од кои можете да гледате бизони како
лутаат наоколу. Сепак, во случај за овој ранч во Колорадо со цена од 78 милиони
долари, не можеме да се пожалиме. Со 439 хектари приватно земјиште, „Casteel
Creek Retreat“ ви ја претставува најновата визија за живот на ранч, со сосема
ново ниво на модерен луксуз.
Кога ќе пристигнете на вилата, која се простира на 3200 квадратни метри, ќе бидете воодушевени од металниот мост и камената фасада, што дефинитвно ќе признаете дека е нешто сосема поразлично во однос на дрвените финиши кои воглавно се водечки за сите резиденции направени во стилот на ранч. Кога ќе влезете внатре, драматичниот влез и ексклузивниот лустер, топло ќе ве поздрават.
Ентериерот е елегантен и современ, со мермерни и камени финиши низ целата површина. Само неколку рустични допири, како дрвените греди, vintage деталите и слично, ја одржуваат оваа градба вкоренета во нејзиното потекло. Имотот со осум спални соби и шеснаесет бањи доаѓа со сопствен домашен театар, базен, спа и фитнес студио.
Сепак, овој дом е исто така нешто што може да претставува огромно одморалиште, бидејќи може да смести до четириесет гости во главната вила и уште неколку во одделните гостински куќи. Дивиот Запад е прикажан во неколку гостински сместувања, во случај вашите пријатели да сакаат да го доживеат со целосни ефекти.
Додека сте тука, на располагање ви е Националниот парк Вајт Ривер, како и неверојатниот отворен простор за истражување. Исто така има и фудбалско игралиште, приватно езеро и затворено тениско игралиште, кошаркарски и бејзбол терени.