ФОТО: Реал Мадрид реагираше на твитер, повод, титулата на Рафаел Надал на Ролан Гарос

Рафаел Надал вчера стигна до 22 Грен слем титула во кариерата,а вкупно 14-та на Ролан Гарос, Шпанецот е „крал“ на земја.

Реал Мадрид, како „кралски“ клуб, му ја честиташе титулата преку социјалните мрежи.

„Честитки за историскиот резултат, Ни преставува  чест  што имаме можност да уживаме во играта на големиот мадридиста и почесен член на клубот, кој е најдобар тенисер на сите времиња. Ти ја честитаме  22 - та  Грен слем титула, твоја 14 на Ролан Гарос. Нема сомнение дека 14-ката е магична бројка во оваа година“ - порачаа од Реал.