ФОТО: РК Алкалоид е подготвен за новата сезона, Кирил Лазаров најави создавање на нови ракометни имиња
РК Алкалоид, кој сезонава ќе се натпреварува во суперлигата, го претстави својот тим, предводен од легендарниот Кирил Лазаров, кој ќе работи како тренер.
Клубот се засили со осум играчи, Цветковски, Трајкоски (голмани), Маркоски, Младеновиќ, Омерагиќ, Митев, Димовски и Петковски.
„Чест и задоволство ми е што ќе работам во мојата Македонија, сакав да останам во спортот, се решив на овој предизвик како тренер. Не се двоумев дали да ја прифатам поканата на РК Алкалоид, ова е концепт за пример, и вакви концепти треба да се поддржат. Имаме млад и нов тим, јас лично имам високи амбиции како и секогаш, но ќе одиме чекор по чекор, трпеливо. За нас, цел е да размислуваме да влеземе во плеј-офот и се надевам дека имаме квалитет за тоа, а потоа ќе видиме што понатаму“, изјави Лазаров.