ФОТО: РК Вардар 1961 официјално исфрлен од Лигата на шампионите и сите европски клупски натпреварувања
Извршниот комитет на ЕХФ, на денешниот состанок официјално ја потврди информацијата дека Вардар 1961 нема да настапува во Лигата на шампионите во новата сезона, не ги исполнува критериумите за настап.
Основните проблеми се нерасчистените финансиски проблеми, Вардар беше под „надзор“ поради неисплатени финансиски обврски кон поранешни играчи.
Поранешниот шампион во Лигата на шампионите, не ги исполнил обврските во зададените рокови, ЕХФ го суспендира!
„Вардар не го испочитува договорот и не ги изврши плаќањата навремено, па така не ги исполнува критериумите за настап во Европските купови за сезоната 2022/23 во ниту едно натпреварување под закрила на ЕХФ. Вардар се огласи преку медиумите, ЕХФ е принудена на јавен одговор со објаснување, клубот не ги испочитува роковите, иако имаше ветување по писмен пат, но и низ разговорите со раководството на клубот. ЕХФ изразува жалење за настанатата ситуација“, соопштија од ЕХФ.