ФОТО: Сараево ја прифати оставката на Александар Васоски
Александар Васоски по дербито со Железничар си поднесе оставка, средбата заврши а поранешниот тренер на Вардар и Академија Пандев заминува од клупата славниот клуб од БиХ.
Управниот одбор на ФК Сараево реши да ја прифати оставката на Васоски. Претседателот на Управниот одбор, Исмир Мирвиќ, му се заблагодари на Васоски и членовите на неговиот стручен штап и изјави:
„Ја прифаќам целата одговорност, одлуките што ги донесов во претходниот период беа донесени со мислење дека се најдобри за клубот. Резултатите во спортскиот дел покажуваат дека одлуките не биле баш адекватни, сега сум свесен за тоа. Нашата мотивација е голема, веројатно поголема сега отколку вчера, нашиот град, нашиот клуб и нашите навивачи како семејство го заслужуваат тоа, традицијата на ФК Сараево ме обврзува на тоа“ - изјави Мирвиќ.